Барселона ја потврди титулата во Ла Лига синоќа на стадионот на градскиот ривал Еспањол, со тоа што овој пат не можеа да слават еуфорично поради жестокиот ривалитет меѓу двата тима.
Играчите на Еспањол им дадоа до знаење на гостите дека нема да го толерираат тоа и бараа што побрзо да се повлечат во соблекувалната, па дури и прскалките беа вклучени на теренот за да се спречи славењето на гостинските играчи. И Ханси Флик веднаш истрча на теренот по натпреварот за да ги повлече играчите во соблекувалната бидејќи се плашеше од поголем конфликт, со оглед на тоа што атмосферата на стадионот на Еспањол беше и тоа како „наелектризирана“ од самиот почеток на дербито.
А, единствениот кој се придржуваше на договореното веднаш да се повлечат кон соблекувалните беше 17-годишниот Ламине Јамал, кој веднаш по свирежот на судијата отиде директно во соблекувалната на Барселона за да избегне евентуални конфликти со играчите и навивачите на Еспањол.
По, мечот Јамал застанувајќи пред микрофоните воодушеви и со својата изјава како единствен што го спомна Чави Ернандез, кој му даде шанса во првиот тим на Барселона, а како што многумина велат, тој беше оној што ги „постави темелите“ на денешниот тим на каталонскиот клуб.
„Сите сме многу благодарни на Чави, морам да го споменам. Без него, ништо од ова немаше да се случи. Ни даде шанса како млади играчи кога ни беше најпотребно. Мора да му се заблагодариме“ – рече Јамал по натпреварот.
Lamine Yamal: “We are all very grateful to Xavi. WIthout him, this wouldn’t have happened.” pic.twitter.com/iJ7clWsCcb
— Barça Universal (@BarcaUniversal) May 16, 2025
Исто така, многумина веќе го споредуваат Јамал со Лионел Меси и Роналдињо нагласувајќи дека тој е оној кој ја врати насмевката на лицата на навивачите на Барселона со својата неверојатна игра и голови.
„Сакам да ги постигнам своите цели и да бидам свој. Сакам да ја напишам мојата историја. Меси? Тој е најдобриот играч на сите времиња“ – додаде Јамал.
Lamine: “Messi is the best player in football history.” pic.twitter.com/OwgRweJxBw
— Barça Universal (@BarcaUniversal) May 16, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

