Јамал собори нов рекорд во Лигата на шампионите

Уште една ноќ, уште еден рекорд за Ламине Јамал. Младиот талент на Барселона продолжува да ја препишува историјата, станувајќи најмладиот играч кој стигнал до 25 настапи во Лигата на шампионите – со само 18 години и 100 дена.

Историското достигнување бешеза време на домашниот натпревар на Барса против Олимпијакос на стадионот „Монжуик“ во третото коло од групната фаза на Лигата на шампионите за сезоната 2025/26. Главниот тренер Ханси Флик го вклучи Јамал во почетниот состав, уште еднаш покажувајќи ја својата огромна доверба во тинејџерот.

Јамал го сруши претходниот рекорд што го држеше Ворен Заир-Емери од Пари Сен Жермен. Французинот стигна до 25 натпревари на возраст од 19 години и 32 дена. По него следува Цеск Фабрегас со 19 години и 292 дена.

Се вчитува...