Бабата на Ламин Јамал, Фатима, се пожалила на смртни закани упатени кон неа, поради што решила да ја напушти областа каде што живеела до сега. Пред еден месец таткото на играчот на Барселона и синот на Фатима – Мунир Насрауи беа повредени откако беа прободени со нож во стомакот по расправија на паркинг.
Семејството живее во областа Рокафонда во Матаро, која е на околу 40 километри од Барселона.
„По она што се случи со Мунир, не можам да јадам. Стомакот ми е во грч од шокот и се плашам. Одам и во Барселона да го видам“, изјави бабата на Јамал.
Lamine Yamal:🗣️
“My grandmother tells me to not wear black clothes, to smile a lot, and to take care of my father.” pic.twitter.com/VCUD1zyFHb
— Players Sayings (@PlayersSayings) September 13, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА