Европските гиганти продолжуваат со подготовките за новата сезона во топ 5 лигите на стариот континент.
Шпанскиот шампион Барселона славеше над Сеулд со 3-7 во пријателски натпревар во кој за првпат дресот со број „10“ го носеше Ламин Јамал.
Барса поведе брзо со 0-2 со головите на Левандовски во 8. и Јамал во 14. минута. Сеул израмни на 2-2 преку Чо и Ал Араб, а до крајот на првиот дел Јамал со својот втор гол повторно ги донесе Каталонците во водство (2-3).
На 2-4 зголеми Кристенсен, додека со головите на Торес и Гави беше и 2-6. На 3-6 намали Мин во 86. минута, додека конечните 3-7 беа дело на Торес во 88. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

