Јамал за „Златната топка“: Најдобро е, се што имате – да кажете на терен

Ламин Јамал одигра уште еден блескав натпревар пред да наполни 18 години, откако шпанското „чудо од дете“ ја предводеше Шпанија до триумф од 5-4 над Франција и пласман во големото финале од Лигата на Нации.

Ова беше дуел на Јамал со Дембеле, според многумина двајцата главни конкуренти во трката за „Златната топка“ за 2025 година, а Шпанецот успеа да постигне два гола и по мечот се закити со МВП -признание.

„Франција е одличен ривал, секогаш е тешко против нив. Затоа и сме среќни што успеавме да победиме. Пред нас е Португалија, уште еден силен противник, но се надевам дека ќе успеам да го донесам и овој трофеј назад во Шпанија. Златната топка? Како што и велам на мајка ми, најдобро е се што имате, да кажете на терен. Тоа е моето мото“, изјави Јамал.

Се вчитува...