Официјално: Облак останува во Атлетико до 2023 година

Словенечкиот голман Јан Облак, го продолжи договорот со Атлетико Мадрид. Иако беше трансфер цел на Пари Сен Жермен, кој го сакаше како долгорочно решение откако ќе заврши епизодата со Џанлуиџи Буфон, Словенецот се обврза за верност кон мадридскиот клуб потпишувајќи нов договор со важност до јуни 2023. година.

„Пресреќен сум што потпишав нов договор и ќе останам во Атлетико Мадрид. Ќе продолжам да работам напорно, за да можам на достоинствен начин да ги бранам боите на клубот“, изјави Облак по потпишувањето на договорот. 

Со новиот договор Облак на „Ванда Метрополитано“, годишно ќе заработува по 10 милиони евра. Во ситуацијата кога Антоан Гризман повторно се поврзува со заминување во Барселона, јасно беше зошто „јорганџиите“ направија се што е во нивна моќ за да не загубат уште еден клучен играч во текот на летниот преоден рок.

Облак во Атлетико Мадрид пристигна во 2014 година, од таборот на Бенфика.

Се вчитува...