Јан Облак останува во Атлетико Мадрид до 2028 година

Јан Облак и во иднина ќе го носи дресот на Атлетико Мадрид, пренесува шпанска „Марка“. Словенскиот репрезентативец ќе стави потпис на шест годишен договор со кој ќе остане „јорганџија“ до 2028 година.

Еден од најдобрите голмани на дешеницата кој има договор со мадридскиот клуб до јули 2023 година по неколку месечните преговори успеал да најде заеднички јазик со раководството на тимот и ќе ја надмине децениската граница на голот на „Ванда Метраполитано“.

Како потсетување, тој е дел од Атлетико Мадрид од 2014 година каде пристигна од Бенфика. Досега одигра 352 натпревари за клубот, а на 175 од нив ја сочува мрежата недопрена.

Се вчитува...