Јана Атанасовска не ја заврши првата трка на слаломот во Земеринг

Најдобрата македонска алпска скијачка Јана Атанасовска не успеа да ја заврши првата тешка слаломска трка која што се возеше како дел од сезоната од Светскиот куп во алпско скијање во австриски Земеринг.

Податок колку беше тешка првата трка во слалом покажува што само 40 алпски скијачки успеаја да ја завршат. По првата трка водечка е Швајцарката Камил Раст со девет стоти делови од секундата подобро време од Албанката Лара Колтури.

На третото место се наоѓа Катарина Линсбергер од Австрија со заостанување од 39 стотинки, додека најдобрата во генералниот пласман Микаела Шифрин е четврта со половина секунда задоцнување зад првата Раст.

Се вчитува...