Jaна Атанасовска не ја заврши слаломската трка во Леви

Првата македонска алпска скијачка која запиша настап во Светскиот куп, не успеа да ја заврши првата трка на премиерниот слалом сезонава кој се вози во финскиот ски-центар, Леви.

Атанасовска во третиот сектор направи грешка која на крајот ја чинеше историски прв резултат за македонски алпски скијач во сезоната во Светскиот куп.

По првата трка водечка е најдобрата алпска скијачка во историјата Микаела Шифрин, пред Германката Лена Дир и хрватската скијачка Зринка Љутиќ.

Се вчитува...