Заврши настапот на македонските спортисти на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Јана Атанасовска денеска не ја заврши трката ниту во слалом, и испадна уште на стартот од првото возење. Речиси идентично откажување имаше и на велеслаломската трка пред неколку денови.
Атанасовска направи грешка на стартот, и испадна од натпреварувањето, со што предвреме се откажа од трката. Со тоа Атанасовска нема да учествува во второто возење закажано за 13:00 часот.
Претходно на ЗОИ настапија Ставре Јада, Ана Цветановска и Виктор Петков.
По првото возење води Микаела Шифрин од САД, која е и најголема фаворитка за златниот медал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

