Младата македонска скијачка Јана Атанасовска запиша историски успех за македонското скијање.
Во својата деби сезона на интернационалната сцена Атанасовска оствари најдобар резултат во историјата на македонското женско скијање во сениорска конкуренција. Таа на ФИС трката во слалом во Словенија освои одлични 75,95 точки.
Задоволство од начинот на кој ја заврши трката во Словенија изрази и нејзиниот тренер Александар Атанасовски за постигнатиот успех.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА