Јанакопулос ги „боцна“ најголемите ривали: Му благодарам на Олимпиакос за најголемиот грчки спортист во историјата

Претседателот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос беше посебно расположен по освојувањето на шампионатот на Грција. „Зелените“ во „мајсторката“ го совладаа Олимпијакос со 87-82 и со тоа го освоија пехарот во арената „ОАКА“.

Јанакопулос, кој беше суспендиран сепак присуствуваше на натпреварот. Одлична партија забележа Костас Слукас, кој постигна 29 поени, од кои 25 во првото полувреме.

Токму Слукас на почетокот на сезоната се пресели од Олимпијакос во Панатинаикос.

„Сега кога работите си дојдоа на свое место, морам да ви кажам големо благодарам, ви го должам. Голема благодарност до раководството на Олимпијакос и нивниот тренер што донесоа одлука најголемиот грчки спортист да го пуштат во Панатинаикос, па тој може да доживее се што доживеавме оваа година и тоа е само почеток, благодарение на сите страни“, рече Јанакопулос.

Се вчитува...