Јанакопулос пак полуде: Тренери и играчи, сите да си одите од ПАО

Панатинаикос се наоѓа во сериозна криза, поранешниот европски првак веќе имаше неколку неочекувани порази во Евролигата, но дното е допрено по денешниот нсуепх во домашното првенство – шокантен пораз во Солун од тимот на Арис.

Сопственикот Димитрис Јанакопулос јасно стави до знаење што мисли за изданието на својот тим, преку видео-порака на својот профил на инстаграм најавувајќи дека „ќе летаат глави“ во ПАО.

„Тренери, помошници, сите вие… Не знаете каде се наоаѓате, нели? Ова е Панатинаикос. Се надевам дека кога ќе се вратите во Атина, ќе покажете доблест и ќе си поднесете оставки. Заедно со сите играчи. Срам да ви е“, порача Јанакопулос.

Се вчитува...