Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев денеска одговори на прашањата поставени во врска со ГФК Тикфеш, и исчезнувањето на инвеститорите.
Германски инвеститор со турско потекло влезе во клубот на почетокот на сезоната, и ветуваше многу, но по само неколку месеци него повеќе го нема во Кавадарци, и Општината и градоначалникот повторно ќе го водат клубот.
„Општината Кавадарци не подлегна на Субрата Рој или било кој. Во врска со ГФК Тиквеш, ние максимално се заштитивме. Општина Кавадарци и покрај тоа што има одлука на Совет да давање на двата проценти акции на инвеститорот, и нема да ги даде. Така што немаме дадено ниту една акција на било кого. Така што Општина Кавадарци во овој момент поседува 51% од акциите на ГФК Тиквеш“, рече Јанчев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

