Јане и на ЕВРО 2020 – амајлија за националниот тим во Букурешт (ФОТО)

ЕКИПА во Букурешт,

Владимир Булатовиќ, Роберт Спасовски (ФОТО)

Еден од најголемите фанови на македонската фудбалската репрезентација, добро препознатливиот Јане Велковски од денеска е во Букурешт како поддршката на националниот тим на првото историско учество на сениорското европско првенство.

Јане не го криеше задоволството, како и секогаш, што ќе биде заедно со фудбалерите кои, пак, како што велат секогаш дополнителен мир на натпреварите, како еден вид амајлија, чувствуваат кога е и Јане на трибините.

Во Букурешт од денеска се и семејствата на репрезентативците како дополнителен знак на поддршка, и покрај тоа што факт е дека поради корона-мерките никој нема да може да има пристап во репрезентативната база. Но, повеќе од доволно е што Пандев, Николов, Спировски, Алиоски, Ристовски…,заедно со селекторот Ангеловски, ќе имаат поддршка од трибините.

Се вчитува...