Јане Николоски е нов спортски директор на Шкупи (ФОТО)

Поранешниот македонски репрезенативен голман Јане Николоски е нов спортски директор на Шкупи.

Како што информираат чаирчани, постигнат е договор со Николоски кој ќе го преземе менаџирањето со спортскиот дел во клубот.

Јане Николоски беше дел од чаирскиот прволигаш, тогаш Слога Југомагнат, во периодот од 1999 до 2002 година и од 2003 до 2004 година.

„Убедени сме дека е избран човек кој е близок на клубот и одлично ќе ја извршува функцијата“ – информираат од Шкупи.

Се вчитува...