И Македонија има свој претставник во финалето на Лигата на Европа. Момчето херој Јане Велковски, кое боледува од мускулна спинална атрофија, и е дел од кампањата „Equal Game“ на УЕФА, е почесен гостин на финалниот меч меѓу Атлетико Мадрид и Олимпик Марсеј што во овие моменти се игра во Лион. Тој на покана на Луис Фиго и на претставниците на УЕФА изминативе два дена ужива во атмосферата што се создаде во пресрет на големото финале.
Јане Велковски во Лион се наоѓа во друштво на своето семејство и го живее својот фудбалски сон…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА