Јане Велковски ќе биде специјален гостин на финалето во Лигата на Европа, на покана на Луис Фиго

Момчето херој од Македонија, Јане Велковски, ќе биде специјален гостин на финалето во Лигата на Европа, што утревечер ќе се одигра во Лион. Во финалниот дуел силите ќе ги одмерат Атлетико Мадрид и Олимпик Марсеј. Тој доаѓа на директна покана на португалската фудбалска ѕвезда Луис Фиго, со кого претходно комуницираше по пат на социјалните мрежи.  Како дел од иницијативата „Equal game“, Јане Велковски ќе има средба со амбасадорот на финалето, францускиот ас Ерик Абидал, но и со Луис Фиго.

Тој со своето семејство претходно беше и специјален гостин на Пол Погба на „Олд трафорд“ следејќи го мечот меѓу Манчестер јунајтед и Севилја во Лигата на шампионите, а претходно и во Скопје, на натпреварот од Суперкупот на Европа меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

Се вчитува...