Јасин Љама и Гоце Јанески се поразени на првиот натпреварувачки ден на меѓународниот боксерски турнир „Белградски победник 2019“ во Србија.
Во категоријата до 60 кг, Јасин Љама загуби на поени од турскиот боксер Хакан Доган. Љама одлично се бореше, беше рамноправен, но пресуди искуството на репрезентативецот на Турција. Вториот наш претставник , Гоце Јанески, во категоријата до 69 кг, загуби од Јарслав Самофалов од Украина со прекин односно технички нокаут пред крајот на првата рунда.
Денеска настапува Арсим Етеми во категоријата до 75 кг, за противник го има Ван Дер Пас-Макс од Холандија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА