Марјан Јанески е еден од кошаркарите кои си заминаа од таборот на КК Феникс летово, а искусниот играч одлучи пред крајот на кариерата да се пресели во Втората лига, и тоа како член на МКК Куманово.
Овој кумановски второлигаш пред извесно време го промовираше Марин Докузовски како предводник на стручниот штаб, а кумановци сакаат со доаѓањето на Јанески да добијат и на квалитет и на искуство во обид да обезбедат влез во елитното друштво.
Јанески беше дел од тимот што ја освои првата титула со МЗТ Скопје, овој кошаркар потоа настапуваше и за Куманово, Гостивар, Работнички… а по ланската сезона во Феникс реши летово да се врати назад во Куманово, но како член на МКК, а не на КК Куманово, тимот кој лани испадна од елитното друштво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА