Македонскиот кошаркарски репрезентативец Марјан Јанески и во следната сезона ќе го носи дресот на Куманово, откако ги договори условите за соработка со „сино-белите“.
Станува збор за играч кој во претходните неколку сезони се наметна како еден од лидерите на тимот, а лани по заминувањето на Костоски заедно со Србинот Мијатовиќ беше клучен играч на кумановци. Во ситуација кога тимот ќе претрпи сериозни измени, раководството на клубот сепак успеа да најде заеднички јазик да го задржи крилениот центар, како еден од лидерите на тимот за следната сезона.
Во текот на летово интерес за Јанески искажаа неколку македонски прволигаши, но тој сепак реши да остане лојален на Куманово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА