Селекторот на младинската репрезентација на Македонија, Дарко Јанев, не го криеше разочарувањето по убедливиот пораз на нашите ракометарки од Исланд во второто коло од младинското СП што се одржува во Скопје.
„Црвено-жолтите“ одлично почнаа, имаа предност од 7-2 и 8-3, но потоа дојде до огромен пад што Исланѓанките го искористија, до крајот на полувремето стигнаа до израмнување, за во вториот дел да ги декласираат нашите ракометарки со убедливи 17-29.
„Имавме добри први 20 минути во кои игравме добро, потоа се се растури како кула од карти. Бевме безидејни во нападот, одбраната се рашири и почнаа да паѓаат голови во нашата мрежа. Второто полувреме беше исто лошо од сам почеток па до крај, како во одбрана така и во напад. Веројатно ни фалат тие повредените играчи и тоа многу. Дали ракометарките не може да се привикнат на новостите… одиме понатаму, ништо не е завршено. Ни следи Ангола, мислам дека може да се кренеме и да одиме во главната рунда“, изјави селекторот Јанев по денешниот неуспех.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА