Јанев: Две работи треба да направиме за успех против Ангола

Македонските ракометарки до 20 години денеска го играат клучниот дуел против Ангола за пласман во главната фаза од Светското првенство што се одржува во Скопје.

Нашиот национален тим вчера потфрли и убедливо загуби против Исланд, па денеска во директна пресметка со африканската селекција ќе одлучува за освојување на второто место во групата. Селекторот Дарко Јанев очекува далеку подобро издание од своите избранички против Ангола, а кормиларот на националниот тим потенцира две работи што мора да се поправат во однос на дуелот со Исланд.

„Секако дека можеме да бидеме подобри со Ангола. Се работи за противник кој има цврста одбрана, средина која одат на спојување, па ние мора да имаме брз пренос на топка со акции преку крило, како и да ги сопреме нивните шутеви кон голот од повисоките бекови. Ако ги сопреме тие работи, можеме да ги добиеме. На овој меч нема да има ништо поразлично што би можело да не изненади од мечот во Исланд, треба само да играме многу попаметно, како во одбрана, така и во напад“, изјави селекторот Јанев.

Мечот меѓу Македонија и Ангола се игра попладнево во 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Се вчитува...