Младинската женска ракометна репрезентација на Македонија е подготвена за новиот предизвик – настапот на СП за ракометарки до 20 години што веќе в среда почнува во Скопје и ќе трае се до 30 јуни.
Дарко Јанев е стратегот кој ја доби одговорната задача да ја предводи оваа млада селекција на новото натпреварување на домашен терен, а младиот стручњак порачува дека мора да се оди чекор по чекор, а прва цел да биде минувањето во Главната фаза од СП.
„На ова првенство нашата репрезентација ќе настапи во мешан состав, а тоа ќе бидат девојки од генерацијата 2004/2005, како и перспективните ракометарки од 2006/2007 генерацијата. Пред нас се низа интересни и тешки натпревари против најдобрите светски репрезентации. Ќе бидам скромен и внимателен и не сакам да ветувам ништо пред почетокот на првенството. Нашата прва цел е да ја минеме групата. Ќе одиме чекор по чекор и ќе се трудиме од натпревар во натпревар да бидеме сѐподобри“, вели Јанев.
За жал, неколкуте повреди на важни ракометарки придонесоа Македонија да биде значително ослабена на овјо шампионат.
„Имавме пехови. На ова првенство ке ни недостасуваат и тоаа многу повредените и рековалесценти играчи Несторовска, Коловска, Дуковска, Велкова кои беа предводници на оваа генерација. На првенството нема да можам да сметам и Јанкуловска која заработи скршеница на стопалото, а неизвесна е и Радевска“, истакнува селекторот на македонските младинки.
Македонија првиот меч ќе го игра на денот на отворањето, на 19 јуни против репрезентацијата на САД (20:30). Потоа следат дуелите со Исланд и Ангола, а двете најдобри селекции од групата ќе се пласираат во Главната рунда.
Во пресрет на СП, Македонија досега одигра два натпревари од затворен тип и забележа победи над Бразил и Кина..
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА