Женската ракометна репрезентација на Македонија до 20 години го заврши настапот на Светското првенство во Скопје на 16. место откако денеска во мечот за 15. место загуби од Кина со 25-23.
Селекторот на репрезентацијата, Дарко Јанев по мечот вели дека сакале со победа да го завршат шампионатот, но сепак тоа не им пошло од рака.
„Сакавме со победа да го завршиме првенството, но за жал тоа не ни појде од рака. Имавме денеска и дополнителни пехови, ни се повредија уште две ракометарки. Сепак, одбраната денеска не беше лоша особено во првиот дел, но во нападот, во второто полувреме ја загубивме енергијата, концентрацијата, не можевме да го исполниме тоа што го сакавме и направивме грешки што тие ги казнија со лесни голови. Не сакам да се повторувам, мораше да се издржи напорот и физички и психолошки да одиграме до крај. Ние паднавме по ремито со Португалија и поразот од Црна Гора, не одигравме до крај како што требаше и посакувавме“, изјави селекторот Дарко Јанев по мечот со Кина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА