Македонскиот шампион Вардар тргнува по Агим Ибраими. Тренерот на „црвено-црните“, Чедомир Јаневски, го посакува Агим Ибраими како засилување за групната фаза во Лигата на Европа, со оглед дека многу добро ги познава неговите квалитети од периодот кога заедно соработуваа одлично во македонската фудбалска репрезентација. Под водство на Чеде Јаневски, Агим Ибраими имаше фантастични партии во дресот на Македонија, а потоа замина во Астана каде му се случи една тешка повреда на ногата, по која тој го загуби натпреварувачкиот континуитет.
За Агим Ибраими веќе подолг период се интересира и Шкендија, а досегашните најави беа дека тој сака да продолжи со интернационална кариера. Ибраими има контакти со клубови од Турција, Словенија и Белгија, но Чедомир Јаневски и раководството на актуелниот шампион со добра понуда би можеле да го доведат во редовите на Вардар.
Како ново засилување за македонскиот првак се споменува и Максим Максимов, напаѓачот на Тракаи, кој постигна голови против Шкендија во квалификациите за Лигата на Европа и засега важи како најефикасен стрелец во ова натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА