Чедомир Јаневски имаше фантастичен старт на клупата на Вардар, совладувајќи го Фенербахче со 2-0 на првиот меч од плејофот во Лигата на Европа што вечерва се одигра на „Телеком Арена“ во Скопје. Тој вели дека тоа е убава предност, но работата се уште не е завршена.
„Остваривме убав резултат против еден силен противник, Фенербахче, кој има големо искуство во настапите на вакви европски натпревари. Им честитам на фудбалерите за играта, играа со срце, а мора да признаеме и дека имавме среќа во одредени моменти од мечот. Головите ги дадовме по грешки на противникот, но среќата треба и да се заслужи. Имаме добра предност, но во заблуда сме ако почнеме да мислиме дека сме ја завршиле работата. Не очекува многу жежок реванш во Истанбул. Од искуство знам дека таму ќе биде ’пекол’. Овој натпревар заврши, треба да се фокусираме на првенството, а потоа ќе мислиме и на реваншот со Фенербахче. Ќе ни недостасува капитенот Бобан Грнчаров многу, тој е вистински лидер на теренот“ – изјави тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА