Пред Вардар утре на националната арена „Филип Втори“ од 14 часот е првиот натпреварот против Шкендија, во четвртфиналето од Купот на Македонија.
Шефот на стручниот штаб на Вардар, Чедомир Јаневски очекува два интересни и неизвесни натпревари, но се надева дека на крајот Вардар ќе излезе како севкупен победник.
„Пред нас се два натпревари против Шкендија во Купот, првиот меч го играме на домашен терен. Треба повторно да се надигруваме како што беше на стартот од пролетниот дел. Знаеме дека овие натпревари и дома и на гости се тешки за играње, затоа што имаме против себе ривал кој што е квалитетен. Ќе настојуваме да го добиеме овој прв меч пред реваншот. Ќе биде сосема поинаков натпревар од оној кој го игравме против Победа во неделата. Повторно ќе кажам, од Вардар се бара во сите натпреварувања кои ги игра да оди на победа, така ќе биде и во Купот на Македонија каде сакаме да стигнеме што подалеку, и да го освоиме Купот. Одиме чекор по чекор, знаеме дека ќе бидат два тешки меча, меѓутоа како што реков, ќе дадеме се од себе да поминеме во следната фаза“ – изјави Јаневски за официјалната интернет страница на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА