Македонскиот првак Вардар утревечер (19 часот) ќе ги одмери силите против рускиот Зенит во рамките на петтото коло од групата во Лигата на Европа. Со четири убедливи порази, меѓу кои и пораз од 0-5 од рускиот ривал во Скопје, тренерот Чедомир Јаневски е свесен дека „црвено-црните“ се пред ново големо искушение. Па дури по најавата дека Роберто Манчини ќе пушти дел од резервистите на утрешниот дуел.
„Манчини е сериозен тренер со европско педигре и сигурен сум дека нема да дозволи опуштање кај својот тим. Зенит е одличен тим, кој на секоја позиција располага со квалитетни фудбалери, па затоа не се залажуваме дека може да биде лесно или пак полесно од првиот натпревар. Ние се подготвуваме како да ќе играме против 11 најдобри фудбалери на планетата“, изјави Чедомир Јаневски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА