Тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски, беше презадоволен од изданието на својот тим и триумфот на гостувањето против Шкупи. По ремито од 1-1 на првиот меч, „вардарци“ мораа да бркаат победа за пласман во четвртфиналето од Купот на Македонија, но одговорија на предизвикот, го надиграа противникот и стигнаа до посакуваниот триумф.
„Сите честитки за фудбалерите, затоа што на четири натпревар издвојувавме три победи и еден нерешен натпревар. И тоа во месец кој е многу тежок за играње. Фудбалерите беа максимално ангажирани, фокусирани и ментално одлично подготвени. Во период кога сите останати екипи се на одмор, тие тренираа далеку подолг период, и на ваков терен покажаа победнички менталитет. Што се однесува до самиот меч многу е тешко да се гради игра кога имате противник кој има дефанзивна формација. Не сакам никој погрешно да ме разбере, секој си има своја филозофија и стратетија. Во вториот дел бевме далеку подобри, создадовме шанси, постигнавме голови, и сметам дека заслужено одиме понатаму. Сега ни останува прво да се одмориме од оваа напорна полусезона, а потоа да се подготвуваме за пролетниот дел од првенството“, изјави Јаневски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

