Лиу Јанг од Кина успеа да стигне до златниот медал по огромна борба во гимнастичката дисциплина кругови, остварување со кое Кинезот стана само трет гимнастичар во историјата што триумфирал на две ОИ во серија во оваа дисциплина.
Тој делуваше извонредно во своите изданија, стигнувајќи до златото со вкупно 15.300 бодови. Во силната конкуренција до сребро стигна неговиот сонародник Цои Џињуан со 15.233 бода, а бронзата ја освои грчкиот гримнастичар Елефтериос Петрунијас со 15.100 бодови.
Со тоа, Лиу успеа да ги повтори остварувањата на Русинот Алберт Азарјан и на Јапонецот Акинори Накајама, кои досега беа единствени во историјата со две олимписки злата во низа во оваа гимнастичка дисциплина.
Ова беше втор медал за Лиу во Париз, откако веќе стигна и до сребро во екипна конкуренција со репрезентацијата на Кина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА