На серијата на Феникс санс од 11 победи во НБА-лигата и дојде крај на синоќешното гостување во Атланта, каде „сонцата“ налетаа на расположениот Тре Јанг. Извонредниот бек одигра феноменален натпревар постигнувајќи 43 поени, со што ги предводеше „јастребите“ до голем триумф над тимот со најдобар скор во лигата. Покрај него, Колинс и Хертер постигнаа по 19 поени за победничката екипа, додека Девин Букер со 32 поени беше прв стрелец на Феникс.
Резултатската криза на ЛА Лејкерс се продлабочи по поразот на градското дерби со ЛА Клиперс, со минимални 111-110. Клиперси го одиграа ова градско дерби беа Џорџ, Ленард и Зубац, но и со така ослабен состав успеаја да го земат скалпот на „езерџиите“, со поените што ги постигна Реџи Џексон во самиот финиш.Маркус Морис со 29 поени ги предводеше стрелците во ЛА Клиперс, додека кај ЛА Лејкерс (за кои повторно не настапи Леброн Џејмс) најдобар беше Ентони Дејвис со 30 поени.
REGGIE JACKSON FOR THE WIN 🥶 pic.twitter.com/RBpAF7tBxE
— NBA on TNT (@NBAonTNT) February 4, 2022
Голден Стејт го совлада Сакраменто со 126-114, меч што го одбележа одличното издание на Клеј Томпсон и неговите 23 поени. Беспрекорниот шутер имаше 73% реализација од поле, погоди седум тројки од девет обиди, со што го мина и Коби Брајант на 20.место на листата на играчи со најмногу погодени тројки во НБА.
Резултати НБА:
Детроит – Минесота 117-128, Сан Антонио – Мајами 95-112, Атланта – Феникс 124-115, Торонто – Чикаго 127-120 (по прод.), Голден Стејт – Сакраменто 126-114, ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 111-110
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

