Манчестер јунајтед стигна до нови значајни бодови во Премиер-лигата откако на гостински терен го совлада незгодниот состав на Ватфорд со 2-4.
Слично како и на претходниот меч со Брајтон, повторно неочекувано улогата на херој му припадна на Ешли Јанг, откако овој фудбалер вечерва ги постигна првите два гола за „ѓаволите“, првиот со силен удар од работ на шеснаесетникот, а вториот вистинско ремек-дело од слободен удар. Кога Марсијал погоди за 0-3 пред крајот на првото полувреме се чинеше дека приказната на овој натпревар е завршена, но Ватфорд успеа да се врати и со погодоците на Дини и на Дукуре да намали на 2-3.
Домаќините се обидоа да стигнат и до израмнување, но сите нивни надежи за камек згаснаа кога Лингард го постигна четвртиот гол за „црвените ѓаволи“.
Брајтон и Кристал палас одиграа без голови, додека Њукасл и покрај негативата од два гола спаси бод на гостувањето против ВБА (2-2).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА