Јани Атанасов и донесе реми на Краковија (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Јани Атанасов го запиша третиот гол во полското првенство откако во 21. коло беше успешен од белата точка во ремито на неговата Краковија на гостувањето кај Заглебие од 1-1.

Домашните фудбалери први поведоа преку Чодња во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме, а 24-годишниот струмичанец изедначи во 73. минута со мирна реализација на пенал.

Се вчитува...