Македонската репрезентација ги стартуваше подготовките за натпреварите против Италија (17. ноември) во Рим и Англија (20. ноември) на Националната арена „Тодор Проески“ од квалификаците за ЕП 2024.
Фудбалерот од средниот ред на полската Краковија, Јани Атанасов, нагласува дека најпрво мислите се насочуваат кон дуелот со Италија во Рим кој ќе биде еден сосема поинаков предизвик во однос на она во Скопје.
„Среќен сум што се враќаме во националниот тим, не радува тоа што сите сме здрави и подготвени и посебно што во тимот се враќа Тихо Костадинов после долгата пауза поради повреда. Не очекува меч со Италија, натпревар кој очекувам да биде сосема поинаков од тој во Скопје. Се надеваме на успех, треба да бидеме компактни, желни за успех и се разбира да ги исполниме задачите на селекторот“ – вели Атанасов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА