Јани Атанасов официјално се врати во Краковија (ФОТО)

Јани Атанасов официјално се врати во Краковија, и ќе се бори за место во овој тим откако му истече позајмицата со Пушча Ниеполомице. Македонскиот репрезентативец беше позајмен на овој клуб од јануари до крајот на сезоната, а сега е вклучен во тимот од Краков за тренинг кампот во Варка.

Атанасов ќе има можност да се наметне кај стручниот штаб, а не е исклучена и нова позајмица доколку нема загарантирана минутажа. Тој се најде на списокот на фудбалери за подготовките на екипата која во меѓувреме доби нов тренер, и тоа е силен адур дека може да се избори за место во тимот.

Атанасов од 2023 година е дел од Краковија, откако претходно беше дел од Хајдук и Бурсаспор на интернационалната сцена. Неговиот договор со Краковија истекува на крајот на следната сезона.

Се вчитува...