Јани Атанасов погоди, но Краковија поразена (ВИДЕО)

Јани Атанасов постигна гол за Краковија и успеа да израмни на гостувањето кај Погон Шецин, меѓутоа недоволно затоа што неговиот тим на крајот пропушти да освои бод.

Погон имаше водство од 2-1, кога Атанасов во 54. минута успеа еден „отпадок“ да го претвори во погодок за израмнување 2-2. Меѓутоа во финишот домашните стигнаа до уште еден гол за конечна победа.

Атанасов го одигра целиот натпревар. Голот можете да го видите низ видео:

Се вчитува...