Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов престојнава пролетна сезона ќе ја мине на позајмица во редовите на полскиот прволигаш Пушча Њеполомице!
25-годишниот Атанасов денеска и официјално стави потпис на договор со Пушча до крајот на актуелната сезона, со важност до 30 јуни 2025 година.
Атанасов е позајмен во тимот на Пушча од Краковија, каде што изминатава есен настапи на 10 натпревари во најсилната полска лига. Во дресот на Пушча, кој сезонава го чека тешка битка за опстанок ќе игра со бројот 6 на дресот.
Јани Атанасов претходно во својата кариера има настапи и за Академија Пандев, турската Бурсаспор како и сплитски Хајдук, од каде се пресели во полска Краковија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА