Јани Атанасов со 17 години во А-репрезентацијата: Остварување на мојот сон!

Јани Атанасов е дефинитивно уште еден бисер од струмичката фудбалска школа, со свои 17 години добивајќи повик од селекторот Игор Ангеловски за настап на престојните два натпревари на македонската сениорска репрезентација.

Членот на Академија Пандев дефинитивно ќе има можност да дебитира за А-репрезентацијата на дуелите против Турција и Шпанија во Скопје. Остварување на сонот, на кое, искрено, малку се надеваше во овој момент…

„Повикот во сениорската репрезентација е остварување на сонот за мене. Како најмлад, ќе дадам се за да ја оправдам довербата. Навистина со нетрпение ги очекувам натпреварите“ – вели Атанасов, кого веќе го споредуваат со најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев.

„Ме радува ако некој навистина го мисли тоа. Искрено, за мене Горан Пандев е фудбалски бог и уште од дете сонувам да го постигнам тоа што го направи тој во неговата фудбалска кариера. Знам дека тоа не е невозможно со макотрпна работа, но дури и да остварам мал дел од неговите успеси, би бил пресреќен. Само боговите се недостижни, а нашиот фудбалски бог Горан Пандев е пример што треба да го следиме“.

атанасов

Атанасов веќе има договорено трансфер во милански Интер…

„Да, договорено е се, можно е уште летово да заминам за Италија иако би сакал со Академија Пандев да одиграм барем една сезона во Првата македонска фудбалска лига… Но, ќе видиме“ – вели Атанасов.

Се вчитува...