Јани Атанасов: Среќни сме што играме дома, веруваме во две победи!

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот на арената „Тодор Проески“ ја очекува дуелот со Летонија во петтиот натпревар од Лигата на нации.

Македонските репрезентативци посакуваат потврда на првото место во групата низ престојните два ноемвриски натпревари, и пласман во Б-дивизијата од Лигата на нациите.

„Максимално сме мотивирани и среќни што повторно ќе играме пред нашата публика. Не очекувано најпрво дуелот со Летонија, која ни даде солиден отпор во Рига, иако победивме убедливо. Но, сега ќе биде сосема поинаков натпревар, знаеме што треба да направиме и во напад и во одбрана, добивме инструкции од селекторот и ќе се обидеме да ги спроведеме на терен. Веруваме во две нови победи во ноемврискиот циклус“ – вели фудбалерот од средниот ред на полска Краковија, Јани Атанасов.

Се вчитува...