Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов се пласираше со својата Краковија во 1/16-финалето од Купот на Полска.
Атанасов во триумфот од 3-4 на својот тим на гостувањето против Лехна учествуваше со погодок на патот кон најдобрите 32 екипи во најмасовното клупско натпреварување на Полска.
Македонскиот фудбалер беше стрелец на четвртиот гол за Краковија во 58. минута за водство од 1-4 во тие моменти. До крајот домашните успеаја со два гола да го направат натпреварот неизвесен, но не и до крај да го загрозат водството на гостите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА