Јани Атанасов трансфер цел на шкотскиот великан Селтик

Македонскиот репрезентативец и член на Хајдук Сплит, Јани Атанасов до крајот на трансферениот рок може да се пресели во Шкотска и да заигра за великанот на шкотскиот фудбал Селтик, пренесува хрватскиот новинар Ижак Анте Сучиќ.

Засега е непознато за колкава сума станува збор, но со оглед на квалитетите на Македонецот и неговото место во сплитскиот тим се предвидува неколку милионски трансфер со кој може да стане вториот наш репрезентативец во Шкотска по Бојан Миовски кој ова лето го засили Абердин.

Дваесетидвегодишниот Атанасов кариерата ја започна во Академија Пандев, а во 2018 година премина во Бураспор. Две години подоцна од Турција замина во Хрватска и Хадук за кој одигра 59 натпревари, запишувајќи пет гола од кои и мајсторијата против Динамо Загреб, а оствари и две асистенции.

Се вчитува...