Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов се најде во идеалниот тим на колото во најсилната грчка лига.
По одличното издание во ремито (1-1) на неговата АЕЛ Лариса против АЕК Атина, Атанасов неизбежно беше избран во најдобриот тим на колото.
Атанасов беше асистент на голот на АЕЛ Лариса за конечни 1-1 против фаворитот АЕК, и убедливо најдобро оценет фудбалер на натпреварот, прогласен и за играч на натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

