Јани Атанасов во тимот на колото во Суперлигата на Грција (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов е избран во тимот на колото на стартот од новата сезона во најсилната Суперлига на Грција.

Атанасов дебитираше на официјален натпревар во дресот на својот нов клуб АЕЛ Лариса, и веднаш се издвои како најдобар играч во својот тим, иако не успеа да го спаси од минимален пораз од 1-0 на гостувањето против ПАОК во Солун.

Сепак, доби оценка од 8.0 за своето издание што го смести и во тимот на колото од 1. коло во суперлигашката конкуренција во Грција.

Се вчитува...