Јаничиќ е МВП, двајца Македонци во идеалната петорка на ЕП

Македонскиот репрезентативец Никола Јаничиќ беше избран за МВП на Европското Првенство – Б дивизија што се одржуваше во изминатите десетина дена во Скопје, во кое нашата национална селекција во голем стил стигна до првото место и промоција во елитното друштво.

Јаничиќ играше одлично цело првенство, а најдобрата партија ја сочува за големото финале, предводејќи ја Македонија со 30 поени на патот до златото.

Воедно, одличниот бек е еден од двајцата македонски репрезентативци во идеалната петорка на шампионатот, заедно со центарот Марко Луканоски.

Друштво на двајцата Македонци во овој „дрим-тим“ им прават уште и Шот и Сулјановиќ од Австрија, како и бугарскиот репрезентативец Гавалјугов.

Се вчитува...