Во моментов вториот тенисер во светот Јаник Синер се врати на тренинзите со цел да се подготви за стартот на вториот гранд-слем во сезоната Ролан Гарос. Тој имаше проблеми со колкот во Мадрид каде без борба му го предаде четвртфиналниот меч на Феликс Оже-Алиасим. Сепак, се чини дека повредата е минато, иако се шпекулираше дека тој подолг период ќе биде надвор од терените.
Синер има освоено три турнири досега оваа сезона – Австралија опен, Ротердам и Мајами. Тој го пропушти турнирот во Рим, што ги загрижи италијанските навивачи, но се чини дека закрепнувањето оди во добра насока.
Ролан Гарос е на програмата од 26. мај до 9. јуни, а титулата ја брани Новак Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

