Според инсајдерот на ЕСПН, Шамс Чаранија, Милвоки сериозно размислувал за понуда од Мајами хит за Јанис Адетокумбо во која биле вклучени Тајлер Хиро, Кел Вер, неколку други играчи, како и вредни избори на драфтот.
Токму оваа комбинација од млади таленти и идни избори беше доволно привлечна за клубот од Висконсин сериозно да размисли за разделба со својот најдобар играч.
Преговорите траеле до почетокот на февруари, поточно до 5. во месецот, кога била донесена конечната одлука дека Адетокумбо останува. Од врвот на франшизата стигнал јасен сигнал дека е подобро да се задржи двократниот МВП и евентуално да се чекаат поповолни понуди во текот на летото.
Покрај Мајами за неговите услуги заинтересирани се и Голден стејт вориорс и Мемфис гризлис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

