Јанис доминираше за нов триумф на Милвоки, продолжува серијата на Индијана

Кошаркарите на Милвоки славеа на својот терен против Њу Орлеанс со 136-111 во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата.

Најзаслужен за шестата едноподруго победа на Бакс беше Јанис Адетокумбо, кој постигна 28 поени. Имаше 11/17 од поле, 1/2 за три поени, и 5/10 од слободните фрлања, дополнети и со 11 скока, пет асистенции и една блокада.

Друштво на Адетокумбо му правеше Кевин Портер со 20 поени, седум асистенции и пет скока, Кајл Кузма додаде 17 поени, исто како и Гери Трент.

На спротивната страна Лестер Кинонес постигна 21 поен, шест асистенции и пет скока, додека Џамал ​​Кејн постигна поен помалку и седум скока.

Бакс се петти на Истокот со скор 46-34, додека Њу Орлеанс се претпоследни на Западот со скор 21-59.

Индијана Пејсерс ја оствари шестата победа во низа, потврдувајќи дека се наоѓа во фантастична форма во финишот од сезоната. Овој пат славеше против најдобрата екипа во Источната конференција, Кливленд Кавалирс победувајќи со 114-112. Сега е на само една победа од третата позиција на табелата на Истокот на кое се наоѓа Њујорк Никс, со една победа помалку, на два меча пред крајот на основниот дел од сезоната.

Халибартон беше најдобар играч на мечот со 23 поени, 10 асистенции и 8 скока, додека Џером го предводеше Кливленд со 24 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ
Детроит – Њујорк 115-106
Индијана – Кливленд 114-112
Бруклин – Атланта 109-133
Милвоки – Њу Орлеанс 136-111
Мемфис – Минесота 125-141

Се вчитува...