Ѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо поради повреда нема да може да настапи на Ол Стар натпреварот, а на тој НБА спектакл ќе биде заменет од кошаркарот на Атланта, Треј Јанг.
Така, 26-годишниот Јанг по четврти пат во кариерата ќе настапи на Ол Стар натпреварот кој овојпат ќе се одржи во Сан Франциско на 16. февруари. Јанг во досегашниот дел од сезоната е прв асистент во НБА лигата со просек од 11,4 асистенции по натпревар, додека има и просек од 23,5 поени по натпревар.
Годинава Ол Стар натпреварот ќе се игра во нов формат, мини-турнир со четири екипи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

