Грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо, ги коментираше шансите на неговата Грција на престојниот Евробаскет. Главниот адут на Грците за медал смета дека неговата селекција тешко ќе дојде до медал, иако се едни од фаворитите за првите три места.
Адетокумбо ќе игра за Грција на престојниот Евробаскет кој е на програмата од 1. до 18. септември.
„Судејќи според последниот тренинг, не сме подготвени за медал, но имаме свои шанси. Нема врска кој што очекува од нас, важно е што ние очекуваме од нас. Грција не играла ниту во 1/4 финале, па не сме подготвени за титули и медали. Мораме прво да изградиме хемија и добра атмосфера, и да одиме да дадеме се од себе. Мораме да бидеме добри и тоа е реална цел. Итудис е селектор кој одлично работи и не мотивира да бидеме најдобри“, изјави Јанис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

